Добродојдовте на платформата за зачленување на КСС
Зачлени се
За да бидете член на синдикат и да ги уживате сите поволности кои ги нуди синдикатот потребно е да формирате синдикална организација на ниво на компанија/институција и да пристапите кон гранскиот синдикат кој ја покрива вашата дејност или да се зачлените во веќе формирана синдикална организација.
НО, доколку наидете на предизвик и неможност да станете член на синдикат преку членување во синдикална организација тогаш КСС ви ја нуди следната можност:
Годишна члeнарина
- За да добиваш бесплатна правна помош, бесплатна консултација и поддршка при остварување на правата од работен однос;
- Затоа што имаш можност за континуирана синдикална едукација
- Бидејќи имаш право да бидеш застапуван/а и претставуван/а од синдикатот на ниво на компанија, сектор и на национално ниво;
- За да бидеш објективно, стручно и навремено информиран/а за своите работнички права;
- За да бидеш директно вклучен/а во креирањето и подобрувањето на правата од работен однос;
Сите оние кои сакаат да ги користат овие можности и да бидат дел од најголемиот синдикат може да го сторат на следните начини:
- Преку пополнување на пристапница со сите барани податоци, потпишана своерачно, скенирана и испратена на следната е-маил адреса: pravnapomos@kss.mk или contact@kss.mk
- Преку пополнување на пристапница со сите барани податоци, потпишана своерачно, потшишана во два примероци и испратена на следната адреса: ул.50-та Дивизија бр. 25 Скопје
- Пополнување на пристапница директно во канцелариите на КСС на ул.50-та Дивизија бр. 25 Скопје
Напомена: Сите оние вработени кои се вработени во компании/институции во кои веќе постои формирана синдикална организација во рамки на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија не можат да пристапат во КСС преку индивидуално членство.
Оваа можност се однесува единствено за вработени кај кои нема можност за формирање синдикат, нетипични форми на вработување, студенти, невработени, сезонски работници и работници преку агенции за вработување.
Пристапницата можете да ја пополните на полињата подоле или да ја превземете на следниов Линк