Добродојдовте на платформата за зачленување на КСС
ЗА НАС
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) е доброволна синдикална организација во која се здружени синдикати од јавниот и приватниот сектор во Република Македонија, кои притоа формираат две федерации: Федерација за јавен сектор и Федерација за приватен сектор.
КСС е основана на 28 декември 2005 година, како резултат на едно слободно, демократско и независно синдикално движење со основна цел да се стави крај на квази – синдикализмот и да се врати надежта и вербата кај работниците во просперитетот и да се врати почитта кон трудот.
КСС е самостојна организација, независна од власта, политичките партии, работодавачите и други организации и интересни групи.
- Основни цели на КСС се:
- Економска и социјална сигурност на работниците
- Заштита и унапредување на работничките права
- Пристоен животен стандард
- Гарантирање на минималната плата
- Поздрави и побезбедни работни места
- Здравствена заштита за сите граѓани
- Развој на демократијата
- Социјалната правда и солидарност
- Навремени и достоинствени плати и пензии
ГРАНСКИ СИНДИКАТИ КОИ СЕ ДЕЛ ОД НАС
Самостоен сидникат на образование, наука и култура на Република Македонија
Синдикат на администрацијата, државната управа и правосудство на Македонија
Синдикат на полиција во Македонија
Синдикат за транспорт и врски
Синдикат за угостителство и туризам
Синдикат на поштенски и телекомуникациски оператори
Контакт:
Телефон:
02/ 310 52 88
070/ 20 06 14
Е-маил:bveligdenov@yahoo.com
Синдикат на станбено - деловни,
комунални и водостопански организации на РМ
Независен сидникат на одбраната
Самостоeн синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи
Самостоен синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија на Република Македонија